Синот на легендарен спортист си го убил својот осумгодишен син, па се самоубил – јавноста во САД во шок

Макфакс

03/06/2023

13:13

2.606

Големина на фонт

а а а

Незапаметена семејна трагедија ја потресе Америка откако Џорџ Скот Третиот (54), син на познатиот бејзбол играч на Бостон Ред Сокс, Џорџ Скот, го убил својот осумгодишен син, па се самоубил, јавуваат американските медиуми.

Убиството и самоубиството ги открила полицијата која во саботата вечерта ја проверила куќата на наследникот на познатиот спортист во Њу Бедфорд во американската држава Масачусетс.

– Господинот Скот, за кој се верува дека го убил момчето пред да си го одземе животот, живеел во куќата со момчето – изјави Грег Милиоте, портпарол на обвинителот.

Мајката на момчето, Лиза Азар, исчезна во март 2019 година, а полицијата долго време се сомневаше дека Скот е вмешан во нејзиното исчезнување. Пред неколку недели детективите кои го истражуваат овој случај ја пребарале куќата на Џорџ Скот Трети, објави „Бостон глоуб“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг