(Видео) Скандалозно исфрлање на Ролан Гарос

Макфакс

03/06/2023

13:08

4.351

Големина на фонт

а а а

На мечот меѓу Карлос Алкараз и Денис Шаповалов, кој заврши со успех за Шпанецот во три сета, се случи и голем скандал откако обезбедувањето на турнирот насилно отстрани фоторепортер од теренот.

Снимка од моментот прикажа Еуроспорт Полска. На видеото се гледа како четворица членови на обезбедувањето го влечат претставникот на медиумите кој им се спротивстава. Не беа објавени детали за причината за ваков третман кон репортерот.

Во осминафиналето Карлос Алкараз ќе игра против Италијанецот Роберто Музети кој со 6:1, 6:2, 6:4 го совлада Британецот Камерон Нори.



Спонзорирани линкови

Маркетинг