Со години ги гледаме во ТВ сериите, а не сме забележале дека немаат прст: Едниот актер е роден така, а друг го загубил во војната!

Точка

02/06/2023

20:22

9.166

Големина на фонт

а а а

Актерот Никола Пејаковиќ неодамна гостувал во емисијата „Реална приказна“ на „ТВ Курир“, каде меѓу другото зборувал и за својот хендикеп, со оглед на тоа дека бил роден со еден прст помалку.

Сепак, малкумина знаат дека повеќе актерски ѕвезди се соочени со истиот проблем.


И иако со години сме ги гледале во нашите омилени серии и филмови, никогаш немаме забележано дека всушност го имаат овој хендикеп.

Во продолжение ви ги откриваме токму нив:

Боб Рос

Најпознатиот уметнички инструктор, ја водел „Радоста на сликањето“ на „PBS“ од 1983 до 1994 година. Неговата сликарска палета го прикривала фактот дека нему му недостигал дел од прстот. По завршувањето на средното училиште, Рос му помагал на својот татко како столар, а дел од левиот показалец му бил отсечен во столарска несреќа. Рос набргу се откажал од таа професија.

Џејмс Духан

Најпознат како Монтгомери Скоти Скот во „Ѕвездени патеки“, Џејмс Духан дал сè од себеси за да го скрие прстот кој му недостасувал, пред камерата. Актерот бил ранет додека служел војска и трчал кон плажите во Нормандија на „Денот Д“ во 1944 година. Како припадник на кралскиот канадски артилериски баталјон, Духан бил застрелан од двајца германски снајперисти.

Едниот куршум завршил во неговата нога, друг му поминал низ средниот прст на десната рака, кој подоцна му бил ампутиран, додека третиот, кој требало да заврши во градите, бил одбиен од кутијата цигари која ја чувал таму.

Тели Савалас

Тели Савалас бил икона во 70-те благодарение на полициската серија „Коџак“. Она што многумина не го забележале е дека на актерот му фалел дел од левиот показалец. Не се знае потеклото на несреќата во која изгубил дел од прстот.

Метју Пери

На актерот кој го глумел култниот Чендлер Бинг во „Пријатели“, цели 10 сезони, му недостасувал дел од десниот среден прст. Според „Esquire“, Метју Пери го изгубил откако неговиот прст случајно бил фатен на врата од автомобил уште кога бил дете.

Волтер Џонс

На Волтер Џонс му фалел средниот прст од левата рака, иако тоа не се забележало во ниту една епизода од „Mighti Morphin Pover Rangers“. Серијата адаптирала видеа од јапонската серија „Kyōryū Sentai Zyuranger“, каде што ренџерот Зак го играл друг актер.




Спонзорирани линкови

Маркетинг