Кафето со млеко е вашиот омилен утрински ритуал ? Нутриционистите советуваат да ја заборавите таа навика, еве што му се случува на вашето тело!

Точка

02/06/2023

15:38

5.750

Големина на фонт

а а а

Знаеме дека кафето е еден од омилените напитоци на луѓето ширум светот. Меѓутоа, доколку и самите уживате во него секојдневно, а особено ако му додадете млеко, има еден податок кој треба да го знаете.

Нутриционистката Јована Чанак истакнала дека не е добро да се додава млеко во кафето, а еве и зошто: „Воопшто не ја препорачувам оваа комбинација, бидејќи млекото го содржи протеинот казеин (80% од вкупниот протеински состав на млекото), кој релативно брзо се вари сам по себе.


Сепак, во комбинација со лактоза, млечен шеќер и висок процент на масти во млекото, значително се продолжува времето на варење“, изјавила Јована и продолжила: „На овој начин го успорувате метаболизмот и варењето на храната што ја внесувате пред или после консумирање кафе со млеко. Исто така доаѓа и до интеракција помеѓу фенолните соединенија во протеините на кафето и млекото, кои негативно влијаат на расположливоста на биоактивните материи во кафето, кажала нутриционистката и додала една важна работа: „Растителните млека не се соодветна замена, бидејќи содржат многу шеќери и немаат есенцијални масни киселини“.



А вие, како уживате во вашето кафе? Со млеко или без?




Спонзорирани линкови

Маркетинг