(Фото) Бајден падна на колена за време на делење на дипломи во Колорадо: „Само се лизна на бината“

Точка

01/06/2023

23:04

3.863

Големина на фонт

а а а

Еден од новинарите кои биле на церемонија изјавил дека Бајден одел назад кон своето место кога се лизнал на црна ќеса.

Американскиот претседател Џо Бајден во текот на делењето на дипломи за кадетите на Воздушните сили на САД во Колорадо, не им пратил баш најдобра порака на оние кои веруваат дека не е престар за втор мандат.

Тој во текот на церемонијата паднал на колена. Со помош на персоналот успеал да исправи и да се врати на нозе, пишува „Daily Mail“.


По падот, заминал од бината и притоа покажувал на делот на кој се лизнал.

Еден од новинарите кои биле на церемонијата кажал дека Бајден одел назад кон своето место кога се лизнал на црна ќеса.


Бајден паднал и пред неколку недели за време на посетата на светилиштето Итсукухима во Хирошима. Тогаш виновни биле скалите.

Актуелниот американски претседател кон крајот на април објави дека повторно ќе се кандидира за таа позиција.


Се одлучил на овој чекор иако многумина и натаму се загрижени за неговите години. Ако стане претседател по втор пат, на крајот од мандатот ќе има 86 години.




Спонзорирани линкови

Маркетинг