Се состанаа Вучиќ и Османи со посредство на Макрон и Шолц

Точка

01/06/2023

21:21

3.570

Големина на фонт

а а а

Претседателката на Косово Вјоса Османи изјавила дека во Кишињев имала краток состанок со претседателот на Србија Александар Вучиќ, кој го предложиле францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц.

Вјоса Османи рекла дека на состанокот присуствувале Макрон и Шолц и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.

На крајот на состанокот со Макрон и Шолц, тие предложиле неофицијален дијалог со Вучиќ, објаснила претседателката на Косово.

„Тоа беше 10-минутен состанок, на кој уште еднаш беше потврдено дека Вучиќ не е заинтересиран за решение“, навела Османи во текот на Самитот на Европската политичка заедница одржан во Молдавија.


„Ќе продолжам да работам со нашите сојузници на некои од прашањата кои ги предложија“, рекла Османи за РТК.

Оценила дека решенија за деескалација постојат, но дека тие мора да бидат во склад со Уставот на Косово.

Макрон на новинарите им кажал дека Франција и Германија предложиле одржување на нови локални избори на северот на Косово.

Вучиќ: Османи не сакаше состанок

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ порано денеска изјави дека во текот на Самитот сакал да разговара со претставничката на Приштина, но дека Османи тоа не го сакала.

„Вие најверојатно слушнавте дека премиерот на Луксембург Бетел сакаше да создаде контакт и да не поврзе и тука со Приштина. Но Вјоса Османи не сакаше да се состане со нас и да разговара. Кажа – организирајте состанок на високо ниво во Брисел и Курти ќе се состане со Вучиќ. И тоа беше тоа“, изјави Вучиќ.


Тој исто така се состанал со Макрон и Шолц, наведувајќи дека имал тежок разговор со нив за новата ескалација на насилствата во Косово и за актуелната регионална и глобална ситуација.

Ја истакнал неопходноста од дополнителни заеднички напори за деескалација на ситуацијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг