Фактор истражување: Зошто малата Виница е економско чудо и кој таму е толку голем што може да му парира и на „Лукоил“?

Фактор

31/05/2023

19:17

62.549

Големина на фонт

а а а

Општина со помалку од 12.000 жители во источна Македонија има фирма за транспорт и трговија со деривати која оствари приход од 141 милиони евра. Во истата општина се стационирани и европскиот гигант за производство на ќерамиди, мега кондиторска индустрија, голема македонска фирма за производство на мебел и високо технолошка гринфилд инвестиција за производство на декоративни садници. Овие шест фирми заедно лани во малата Виница внеле 227 милиони евра.

Не, овде не станува збор за некое мало место во Швајцарија. Станува збор за македонско градче на истокот располано под падините на Плачковица, познато по родните полиња, историската „виничката афера“ и античките теракоти, пишува Фактор.

Виница е мала по население, но општина во која работат економски џинови! Ако се види табелата подолу и приходите во 2022 година на неколку винички компании кои „жарат и палат“, на питомата и мала Виница можат да и позавидат и многу поголеми градови.

Виница има повеќе компании, но шест од нив се доминантни во општинската економија. Тие компании лани заедно направиле кумулативен приход од 227 милиони евра. Општина Виница, по пописот од 2021 година има нешто над 14.000 жители, но реално, таму не живеат повеќе од 12.000 постојано жители. Значаен дел од нив се работно ангажирани во „Макпрогрес“, поранешен „Тондах“ и сегашен „Виенербергер“, „Мебел Ви“ и сега најактуелниот Дади Оил.

Извор: Фактор Портал



Спонзорирани линкови

Маркетинг