Откако денеска Москва ја нападнаа дронови, на социјалните мрежи се појавуваат лути реакции на руските ултранационалисти и воени пропагандисти.
Во нападот се погодени неколку згради, со помала штета и без сериозни повреди, рекол утрово градоначалникот на руската престолнина Сергеј Собјанин.
Не било потребно многу време да се огласи и најпознатиот прокремљски и провоен пропагандист, ТВ водителот Владимир Соловјов, кој, изгледа, рекол дека колку порано луѓето во руските градови сфатат дека нивната земја „се бори против НАТО“, толку побрзо Русија ќе победи во војната. „Тоа треба да биде јасно. Луѓе, ова е сериозно“, рекол тој.
Vladimir Solovyov responds to this morning’s drone attacks on Moscow
— Francis Scarr (@francis_scarr) May 30, 2023
He says the sooner people in Russian cities recognise that their country is "fighting Nato", the sooner Russia will win
He also calls for Kyiv, Odesa, Dnipro, Lviv and Ivano-Frankivsk to be "dismantled" pic.twitter.com/64V1tgngkU
Исто така, повикал на „демонтажа“ на Киев, Одеса, Днепар, Лавов и Ивано-Франкивск.
На социјалните мрежи се појавила снимка на шефот на озлогласената група Вагнер, Јевгениј Пригожин, кој со гнев го коментира нападот на Москва и уште еднаш го напаѓа воениот врв, односно Министерството за одбрана.
„Смрдливи суштества, што правите? Вие сте стока. Губете се од вашите канцеларии. Вие сте поставени да ја браните оваа држава. Вие сте Министерство за одбрана. Зошто по ѓаволите дозволувате тие дронови да летаат во Москва“, рекол Пригожин.
„Предупредував на ова многу пати, никој не сакаше да слуша“, додал тој.
⚡️Statement by Prigozhin regarding the drone attack on Moscow today
— War Monitor (@WarMonitors) May 30, 2023
pic.twitter.com/eR9ImEAS1g