(Видео) Москва на удар на дронови: Во нападот оштетени две згради, активирана противвоздушната одбрана, соборени повеќе летала

Точка

30/05/2023

07:52

5.581

Големина на фонт

а а а

Неколку згради во Москва биле оштетени во утринскиот напад со дрон, изјавил градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин на својот канал на „Телеграм“.

„Утрово по напад на дронови дојде до помали оштетувања на неколку објекти. Сите итни служби во градот се на самото место“, се наведува во извештајот.

Градоначалникот нагласил дека во текот на инцидентот никој не бил потешко повреден, а итните служби ги истражуваат околностите на инцидентот.

Жителите од неколку влезови се евакуирани. По завршувањето на работата на итните служби ќе можат да се вратат во своите станови.

„Од безбедносни причини, во текот на работата на итните служби, преземени се мерки за евакуација на жителите на неколку влезови во две згради кои се погодени од беспилотни летала. Веднаш по завршувањето на работата на службите, станарите ќе може да се вратат во своите станови“, напишал Собјанин.

Тој исто така повикал да им се верува само на официјални извори и да не се шират непроверени информации.

Дроновите погодиле две станбени згради во Москва, а повредени нема, рекол претставник на итните служби за „РИА Новости“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг