Големата ѕвезда на Портланд се премисли: Мислев дека Ембид треба да биде МВП, но Џокер…

Дерби

29/05/2023

17:21

7.592

Големина на фонт

а а а

Пред почетокот на главните возбудувања во плејофот, НБА соопшти дека МВП на регуларниот дел од сезоната е Џоел Ембид од редовите на Филаделфија, одлука со која според многумина му беше нанесена голема неправда на Никола Јокиќ.

Србинот беше спречен трет пат во низа да го добие најпрестижното индивидуално признание, а ако во текот на сезоната многумина беа на страна на Ембид, сега големите НБА ѕвезди почнаа да сфаќаат дека „Џокер“ е вистинскиот МВП.

Тоа го потенцираше е Демијан Лилард во последното обраќање кое го имаше во Америка, во кое потенцираше дека Јокиќ моментално е најдобар играч во лигата.

– Џокер најверојатно е најдобар играч во лигата. Мислев дека Ембид треба да биде МВП, но Џокер е неверојатен, најверојатно е најдобар во лигата. Тој е еден од оние играчи кои органски забележуваат трипл-дабли. Секој натпревар игра на исто ниво, постигнува 45 поени, има 25 скокови, а понекогаш и 18 асистенции.

– Едноставно не промашува шутеви, кога го гледате како игра, си велите дека нема да промаши. Навистина е многу паметен, знае да шутира, знае да додаде, се грижи за тимот и пред се е многу скромен, – вели Лилард.



Спонзорирани линкови

Маркетинг