Промоција на „Живот на коцка“ од Џаро во хотел „Парк“

Точка

29/05/2023

14:04

1.202

Големина на фонт

а а а

Вечерва, со почеток од 19 ч., во ресторанот на хотел „Парк“ ќе се одржи промоција на биографијата на неповторливиот менаџер Велибор Џаровски-Џаро, која без задршки ни го открива начинот на кој тој стана урбана легенда.

Нема човек кој не чул за Џаро и за неговиот бурен живот. Но овој пат ги слушаме сите вистини, без премолчување на многуте згоди и незгоди за кои можеме да читаме во неговата биографија, која ја напиша Милица Џаровска. Забавна и сурово искрена, македонското издание на „Живот на коцка“ ќе понуди еднакво задоволство колку и оваа промоција. Промотор ќе биде уште една домашна ѕвезда – Игор Џамбазов, без кој не би можел да се замисли еден ваков настан.

Станува збор за несекојдневна промоција што несомнено ќе ви остави впечаток, голем како оној што Џаро го остави врз своето време.