Полициска акција „Жетва“ – фатен струмичанец кој избегал од затвор каде требало да одлежи уште година за измама

Макфакс

29/05/2023

13:43

1.043

Големина на фонт

а а а

Полицијата приведе бегалец од затвор во рамки на оперативна акција наречена „Жетва“.

Приведениот И.М.(48) од Струмица, бил баран со меѓународна потерница поради бегство од затвор за доиздржување на казна затвор во траење од една година, четири месеци и 15 дена.

Тој бил осуден поради сторено кривично дело измама.

И.М. ќе биде предаден на надлежната казнено поправна установа за доиздржување на казната, велат од полицијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг