Навивачите со концерт од свирежи го испратија Ди Марија

Макфакс

29/05/2023

13:21

1.355

Големина на фонт

а а а

Анхел Ди Марија во неделата го одигра последниот натпревар на домашен терен во дресот на Јувентус. Аргетинецот на клупски палн имаше лоша сезона, а синоќа доживеа вистинско понижување кога доби свирежи од навивачите.

Аргентинецот минатата сезона пристигна како големо засилување во „Старата дама“, требаше да биде човек кој ќе донесе нешто ново во офанзивниот дел од тимот, но не се прослави.

Очекувано Јувентус нема да му понуди дов договор. Сепак, причина за тоа не е лошата форма туку алчноста на фудбалерот. Ди Марија побарал зголемување на платата за д остане во клубот.

35-годишникот нема по добро да го паменти збогувањето од Алијанц стадионот во Торино. Откако беше заменет во 63-та минута, на натпреварот против Милан, тој доби концерт од свирежи и навреди од домашните навивачи.

Ди Марија оваа сезона постигна осум гола и забележа седум асистенции на 39 натпревари.

Покрај Ди Марија, последниот натпревар пред навивачите во Торино во неделата го одиграа и Адриен Рабио и Леандро Паредес. Рабио е слободен играч, додека Паредес ќе се врати во ПСЖ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг