Четворица роднини се тепале во Гостивар, полицијата ги приведе

Макфакс

29/05/2023

13:18

972

Големина на фонт

а а а

Четворица роднина физички се пресметале во гостиварската населба Циглана.

Според пријавеното, еден од учесниците во тепачката користел и дрвен предмет, а полицијата ги приведе.

„Вчера (28 мај) околу 10 часот и 20 минути, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги привеле О.Н.(28), А.Н.(36) и Џ.У.(22), тројцата од Гостивар, кои заедно со уште едно друго лице, нивен роднина, меѓусебно физички се пресметувале во гостиварската населба Циглана“, велат од МВР.

По целосно документирање на случајот против сите инволвирани во тепачката ќе следуваат поднесоци.



Спонзорирани линкови

Маркетинг