Ковачевски му ја честита победата на Ердоган: Продолжуваме да го развиваме традиционалното пријателство

Макфакс

29/05/2023

11:29

870

Големина на фонт

а а а

Честитки до Реџеп Таип Ердоган, за новиот претседателски мандат, упати премиерот Димитар Ковачевски на социјалните мрежи.

„Големото и традиционално пријателство помеѓу Северна Македонија и Турција продолжуваме да го развиваме на билатерален економски план и во рамки на партнерството во НАТО.

Пред нас се предизвиците на глобален план и уверен сум дека како и досега, ќе работиме заедно и со уште поголема посветеност на сигурноста и стабилноста на регионот и Европа и мирот во светот“, се вели во честитката на Ковачевски.

Честитки до Реџеп Таип Ердоган, за новиот претседателски мандат.

Големото и традиционално пријателство помеѓу Северна...

Posted by Dimitar Kovacevski on Monday, May 29, 2023



Спонзорирани линкови

Маркетинг