Ако имате „iPhone“, веднаш да го ажурирате

Денар

28/05/2023

21:50

13.872

Големина на фонт

а а а

Редовните ажурирања се неопходни за секој уред, со цел да се инсталира нов софтвер. Но, сега се појавија три безбедносни закани, па на корисниците на „iPhone“ им се советува да ги ажурираат своите уреди што е можно поскоро.

Според „Forbs“, корисниците на „iPhone“ и „iPad“ треба да ги ажурираат своите уреди со најновиот софтвер, iOS 16.5. Со тоа ажурирање, корисниците ќе бидат заштитени од три безбедносни закани.

Овие закани може да влијаат и на моделите на „iPad Pro“; „iPad Air“ модели од 3-та генерација наваму; „iPad“ модели од 5-та генерација наваму; и „iPad Mini“ од 5-та генерација наваму, пренесува „BestLife“.



Ако не сте сигурни кој модел го имате, тие информации можете да ги најдете во поставките на уредот. Од суштинско значење е да се ажурира уредот за да се заштитат корисниците од закани кои можат да ги загрозат нивните лични податоци.

Доколку не знаете како да го направите ова, погледнете го видео туторијалот објавен од „Apple“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг