(Видео) Големи експлозии во Бердјанск, Украинците тврдат дека уништиле моќни проектили

Макфакс

26/05/2023

09:01

2.069

Големина на фонт

а а а

Силна експлозија одекна во окупираниот украински град Бердјанск, кој се наоѓа на брегот на Азовското Море.

На Твитер профилот OSINTdefender наведено е дека експлозијата се случила во фабриката Азовкабел, за која Украинците тврдат дека руските сили ја користат како нивна база.

OSINDefender, исто така, шпекулира дека експлозијата била предизвикана од удар со новата крстосувачка ракета Storm Shadow, која неодамна е во арсеналот на украинските сили. Според објавите на социјалните мрежи, украинските сили уништиле три моќни ракетни системи С-300 во Бердјанск.

Украинските вооружени сили тврдат дека вчера уништиле голем руски воен брод во пристаништето Бердјанск. Пристаништето, неодамна окупирано од руските сили со неколку руски воени бродови, беше потресено од серија силни експлозии.

Видеата на социјалните мрежи покажаа пожари кои беснеат на пристаништето, со серија секундарни експлозии што одекнуваат низ градот.

Украинските вооружени сили го нарекоа бродот „Саратов“. Во претходните извештаи, бродот го добил името „Орск“.

„Во оперативната зона на Азов, според ажурирани информации, за време на нападот на окупираното пристаниште Бердјанск е уништен големиот десантен брод „Саратов“. Оштетени се и големите десантни бродови „Цезар Куников“ и „Новочеркаск“. Се разјаснуваат другите загуби на непријателот“, соопшти Украина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг