Растат цените на билетите во Денвер

Макфакс

25/05/2023

16:49

7.954

Големина на фонт

а а а

Денвер го чека свпјот противник во големот НБА финале. Клубот наголемо се подготвува за дуелите во кои Бол Арената ќе биде домаќин на спектаклот.

Во моментов Мајами води во финалето на Истокот против Бостон со 3:1, а каде ќе се играат првите два натпревари зависи од тоа кој ќе игра со Денвер.

Доколку Мајами влезе во финалето, Денвер ќе биде домаќин на првите два натпревари. Доколку Бостон направи чудо и се пласира во финалето, првите два натпревари ќе се играат во Ти-Ди Гарден.

Во секој случај, Денвер веќе ги одреди цените на картите.

За најоддалечените места, односно за најевтините билети, на навивачите ќе им требаат 750 долари за првиот натпревар. Цените на билетите за седиштата покрај теренот засега се движат од 6.000 долари до огромни 25.000 долари.

За вториот натпревар најевтиниот билет ќе чини 849 долари, а за третиот 995 долари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг