„Financial Times“: Г7 мора да сфати дека повеќе не може да управува со светот

Точка

25/05/2023

21:52

4.373

Големина на фонт

а а а

Членовите на БРИКС се обединети во нивните напори да не зависат повеќе од каприците на САД и нивните сојузници кои доминираа во светот во последните два века, пишува колумнистот на „Financial Times“.

Економската доминација на „Групата седум“ и униполарниот свет предводен од Соединетите Американски Држави е историја, тврди колумнистот на „Financial Times“ Мартин Волф и забележува дека иако Г7 е сè уште најмоќниот економски блок во светот, нејзиниот удел во светската економија во последните дваесет години опадна од 44 на 30 отсто. Во исто време уделот на Кина се зголеми од седум на 19 отсто.

Кина сега е економска суперсила која преку својата иницијатива „Појас и пат“ стана главен инвеститор (и доверител) во земјите во развој, далеку поважен економски партнер од Г7.

Бразил е една од тие земји, иако претседателот Лула да Силва присуствуваше на неодамнешниот самит на Г7 во Јапонија. Едноставно, кинеското влијание повеќе не може да се игнорира.


Г7 има амбиција да се приближи до поединечни земји, што го демонстрираа во Хирошима. Тие ги поканија Бразил, Индија, Индонезија, Виетнам, Австралија и Јужна Кореја, но ова е занемарливо во споредба со 19-те земји кои сакаат да се приклучат на БРИКС.

„БРИКС е на пат да стане релевантна светска организација, а нејзините членки се обединети во нивните напори да не зависат од каприците на САД и нивните сојузници кои доминираа во светот во последните два века“. На крајот на краиштата, до кога Г7 може да продолжи да се однесува вака ако се земе предвид дека собира само десет отсто од светската популација, оценува колумнистот на „Фајненшл тајмс“.

Уште поголемо прашање, додава тој, е како ќе се управува со глобалната економија.

Дали ММФ и Светската банка ќе продолжат да бидат бастиони на моќта на Г7 во сè поподелениот свет?


Ако е така, како и кога ќе ги добијат потребните нови ресурси? Како ќе се усогласи со организациите создадени од Кина и нејзините сојузници?

Волф се прашува дали не би било подобро да се признае реалноста на огромната промена на економската моќ во светот и да се прилагоди на тоа, особено имајќи предвид дека Кина нема да исчезне.

Што се однесува до политичките цели на членките на Г7, пред сè војната во Украина, тоа е исклучиво борба на Западот. Поголемиот дел од светот има други грижи. Затоа, Западот ќе го одреди опстанокот на Украина.

Г7 мора да ги брани своите вредности и интереси. Но, групата повеќе не може да владее со светот, иако судбината на светот ќе биде судбина и на членовите на групата. Патот за соработка мора повторно да се најде, заклучува „Financial Times“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг