(Видео) Не многу добар почеток на "Бин-Бин" во Скопје: Тротинетите се крадат, се фрлаат, се уништуваат

Точка

25/05/2023

11:17

4.185

Големина на фонт

а а а

Неколку дена откако турската компанија "Бин-Бин" постави електрични тротинети низ Скопје, кои служат за изнајмување и возење, неколку од нив се украдени, неколку уништени...

Тони Ангеловски, портпарол на МВР, изјави дека досега се пријавени три кражби на тротинети.

Канал 5 телевизија објави снимка на која се гледаат млади деца како ги кршат електричните тротинети, како ги фрлаат во контејнер, ги крадат...

Покрај тоа што се оштетени, граѓаните се жалат дека овие превозни средства се оставаат на секаде - насред велосипедски патеки, пешачки премини и на градилишта.

Непримерното однесување и уништувањето на тротинетите започна во првиот момент кога тие станаа достапни за скопјани, замислени како еколошко и практично средство за градски превоз.

- Пријавени се лицата кои го украдоа тротинетот и го ставија во багажник. Може да се забележат нивните ликови на камерите. Се знае и кој ги оштетува затоа што апликацијата ги евидентира корисниците. На крај, по користењето на тротинетот, се слика и испраѓа во системот за да знаеме како е оставено возилото по користењето, изјави директорот на турската компанија „Бин Бин“, Висар Дурак, за порталот „ММС“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг