Легендарната пејачка Тина Тарнер почина на 83-годишна возраст, соопшти нејзиниот портпарол.
„Тина Тарнер, „кралицата на рокенролот“, почина денеска на 83-годишна возраст по долго боледување во нејзиниот дом во Куснахт во близина на Цирих, Швајцарија“, изјави тој и додаде:
„Со нејзиното заминување, светот загуби музичка легенда“
Погребот ќе биде приватен, со блиски пријатели и семејството.
„Бараме да ја почитувате приватноста на нејзиното семејство во овој тежок момент“, рече портпаролот на Тина Тарнер.