На „ТикТок“ бил објавен „лајв стриминг“ на профилот кој го носи името на момчето Коста Кецмановиќ, а она што може да се слушне на видеото навистина е морничаво.
Поминаа 20 дена од масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“ кој ја шокираше цела Србија и регионот, кога Коста Кецмановиќ убил 9 свои соученици и чуварот, Драган Влаховиќ. Сега на „ТикТок“ осамнал „лајв стриминг“, каде се шпекулирало дека момчето зборувало во него, пренесува Република.рс.
Имено, на „ТикТок“ била поставена и фотографија која неверојатно потсетувала на Коста.
Видеото го „преплавиле“ и коментари во кои корисниците на социјалната мрежа тврделе дека не е можно да се работи за Коста Кецмановиќ и дека станувало збор за лажен профил.
Тогаш момчето изговорило: „Јас сум Коста, девојкaта до мене може да потврди. Го убив нејзиното поранешно момче“. Ова видео предизвикало морници.
Корисниците на социјалната мрежа „ТикТок“ понатаму коментирале дека ова не е фотографија на Коста и дека се работи за актер кој глумел во серија емитувана на „Нетфликс“. Дополнително, следеле коментари како не е возможно да е тој и дека сè е измонтирано. Потоа се слуша морничавото смеење на момчето и девојката.
Во коментарите Коста наводно одговарал на прашања, меѓу кои и: „Кога ќе се врати на училиште и која смена е“? Момчето потврдило дека ќе се врати на училиште, што „згрозило“ многумина.
Да потсетиме, откако на 3 мај се случил масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“, кога животот го загубиле многу деца, профилите за поддршка на Коста Кецмановиќ не престануваат да се појавуваат, а експертите предупредиле дека станувало збор за опасен тренд каде децата не ја сфаќале сериозно трагедијата што се случила. Коста Кецмановиќ предизвикал трагедија од невидени размери, влегувајќи во училиштето на Врачар, каде прво го убил чуварот и три ученички во холот, а потоа го продолжил „дивеењето“ во кабинетот по историја. Таму смртоносно застрелал уште 5 ученици, додека ранил неколкумина, меѓу кои и наставничката. По 12 дена на повредите подлегнало уште едно девојче.