Бизарни фотографии од Илон Маск вирални на социјалните мрежи: Ужива во „занесни“ бакнежи со женски роботи.

Точка

23/05/2023

22:42

24.272

Големина на фонт

а а а

На фотографиите се гледа како Илон Маск се бакнува со робот. Сите се збунети од серијата слики на основачот и сопственик на „Тесла“ и „Спејс икс“ како позира со различни женски хуманоиди. Фотографиите ги „преплавија“ социјалните мрежи и наидоа на осуда

Се проширила информацијата дека робот-жената, креирана од компанијата на милијардерот Илон Маск, „Тесла“, ќе ја здогледа светлината на денот во септември 2023 година. Но, новинарите на телевизијата „Франс 24“, тврдат дека станувало збор за лажна вест.



Медиумите објавиле информација дека компанијата на Маск е во завршна фаза на создавање на „Robot Wife“ и дека светот ќе ја види оваа технолошка иновација веќе во септември годинава.


Наводно, „Robot Wife“ би работела на батерии, а потоа ќе се полни околу 3 дена. Просечното време на работата на роботот е околу 1 месец. Корисниците на мрежата бурно реагирале на фактот дека за секс со жена-робот ќе биде потребна лозинка или отпечаток од прст, а во иднина роботите би се користеле дома за извршување на домашните обврски, како што е подготовка на храна, косење трева или пак грижа за стари лица. Тие дури би можеле да станат „пријатели“ на нивните сопственици, известиле медиумите.





Спонзорирани линкови

Маркетинг