Во Европа расте бројот на инфекции со ешерихија коли отпорна на антибиотици: Починати 35.000 луѓе!

Точка

23/05/2023

22:11

11.452

Големина на фонт

а а а

Според податоците на Европскиот центар за контрола и превенција на болести („ECDC“), во Европа е заблежан порастот на бројот на случаи заразени со ешерихија коли (Е. coli), отпорна на веќе постоечките антимикробни лекови. „ECDC“ предупредуваат дека нфекцијата „брзо се шири“.

Земјите-членки на Европската Унија пријавиле зголемен број на изолати на ешерихија коли кои го носат генот „blaNDM-5“, што ги прави отпорни на карбапенеми. Карбапенемите се антибиотици со широк спектар кои се користат како последно средство за лекување на потешки облици со ешерихја коли, соопштиле „ECDC“, предупредувајќи дека видовите на бактерии кои носат „blaNDM-5“  се веќе воспоставени и претставуваат нова закана бидејќи тие би можеле да бидат отпорни на антибиотици, вклучувајќи аминогликозиди, флуорохиноли и триметоприм-сулфаметоксазол.


Ешерихија коли е најчестата причина за инфекции на крвотокот и уринарниот тракт во Европа, објавиле „ECDC“. Видот отпорен на микроби најверојатно потекнува од области кои се наоѓаат надвор од Европа. Истражувањето од март, спроведено од научници во САД, укажало на зоонотската ешерихија коли која се пренесува преку храната и предизвикува половина милион инфекции на уринарниот тракт годишно.


„ECDC“, агенцијата на ЕУ чија цел е да ја зајакне одбраната на населението во Европа од заразни болести, тврди дека видот отпорен на антимикробни лекови веројатно е поврзан со земјите во Африка и Азија. Своето тврдење го заснова на информации за патувања и хоспитализација на поединци, кои укажуваат дека повеќе од 80 проценти од случаите на инфекција би можеле да потекнуваат од области надвор од Европа.


Агенцијата препорачува дополнително зајакнување на мерките за рано откривање на инфекцијата и нејзина контрола и посочува дека ширењето на резистентни соеви во и меѓу здравствените институции може да го зголеми товарот што го чувствуваат здравствените системи низ Европа. Имено, во европските земји годишно умираат повеќе од 35.000 луѓе како последица на инфекции отпорни на антибиотици.


„Видот на ешерихија коли кој го носи генот „blaNDM-5“, се ширел брзо и на поголеми географски размери. Затоа постои ризик дека бројот на случаи на инфекција со ешерихија коли отпорни на карбапенем ќе се зголеми во ЕУ/ЕЕА веќе во рок од неколку години“, предупредиле од „ЕCDC“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг