(Фото/Видео) Демонстрантка облечена во боите на украинското знаме се полеала со лажна крв во Кан

Точка

23/05/2023

16:05

2.655

Големина на фонт

а а а

Демонстрантка облечена во фустан во боите на украинското знаме на Канскиот филмски фестивал, се полеала со течност за која се верува дека е лажна крв.

Неименуваната жена која носела жолто-сина тоалета украсена со скапоцени камења, била забележана како чекорела по скалите на црвениот тепих во текот на премиерата на „Acid“ во неделата во Кан.

Откако поминала неколку чекори, таа застанала, погледнала во камерите, извадила две ќеси од фустанот и се полеала со црвена течност која наликувала на крв.

Со рацете се намачкала по лицето и торзото и пред да успее да направи повеќе, членовите на обезбедувањето притрчале, ја фатиле и ја исфрлиле од фестивалот.

Минатогодишниот Кански фестивал го прекина демонстрантка која протестирала против сексуалното насилство во Украина. Таа истрчала топлес, со насликано украинско знаме на градите, со зборовите „престанете да нè силувате“, наведува „CNN“.