(Видео) Пендиков стана Бугарин на хартија и упати обвинување: Во Северна Македонија, Бугарите секој ден трпат притисок од тамошните власти

Макфакс

10/05/2023

14:09

2.939

Големина на фонт

а а а

Бугарската потпретседателка Илијана Јотова лично на официјална церемонија му го врачи бугарското државјанство на Христијан Пендиков.

Јотова рече дека врачувањето и претставува огромна чест и од денес Пендиков ќе има заштита од бугарската држава и станува граѓанин на Бугарија и Европската Унија.

Го нарече Пендиков храбар млад човек кој и покрај провокациите останал верен на бугарската самосвест и идентитет.

„Сите ние треба да го чуваме државното достоинство на Бугарија. Секој граѓанин на Европа има право на својот идентитет – да зборува за него и да го заштитува. Очекуваме од Северна Македонија да ги признае правата на Бугарите во свопствената држава“, рече Јотова.

Пенидков, е родум од Охрид. За јавноста непознат додека не беше натепан, инцидент кој потоа беше политизиран. Како причина беше наведено дека е тоа што Пендиков се декларира како Бугарин, а се зборуваше дека тој имал нерасчистени сметки со напаѓачите. Тој беше секретар на сега згаснатиот бугарски клуб во Охрид, со контроверзно име „Цар Борис III“.

Против него, се води и предмет во охридското обвинителство поради омаловажување на македонскиот народ и Македонија.

Вицепрезидентът връчва български паспорт на Християн Пендиков

Posted by БНР - Българско национално радио on Wednesday, 10 May 2023

Пендиков со нови обвинувања: Во Северна Македонија, Бугарите секој ден трпат притисок од тамошните власти

Христијан Пендиков стана бугарски државјанин. Нему му беше врачено државјанството со највисоки почести. Потпретседателката Илијана Јотова му го врати листот, по интонација на химната. Пендиков пак, одново обвини дека Бугари во Македонија трпат притисоци од власта.

„Сакам да се заблагодарам на претседателот на Република Бугарија, на заменик-претседателот, на сите министерства кои ми помогнавте, на сите пријатели. Благодарност до полицијата која секојдневно се грижеше и се уште се грижат за мојата сигурност затоа што ме заплашуваат. Сакам да се заблагодарам и на докторот кој уште ми помага, како што им помага и на македонските Бугари, кои се трудат за нашата кауза“, кажа Пендиков.

Тој додаде: „Во Македонија има уште многу македонски Бугари кои се борат секојдневно за нашата кауза и идеологија, кои се во првите редови на идеологијата. Тие се секојдневно во Северна Македонија и трпат притисок од тамошните власти“, рече Пендиков.



Спонзорирани линкови

Маркетинг