(Видео) Младо момче во Задар низ прозорец на автомобил извадило ракетен фрлач

Макфакс

05/05/2023

19:45

9.049

Големина на фонт

а а а

Млад човек во бел автомобил извадил ракетен фрлач низ прозорецот додека минувал покрај полициската станица во Задар. Како што соопшти полицијата, дуото од автомобилот било поврзано со обид за грабеж на банкомат среде ноќ.

„Само што минуваа покрај полициската станица, ги снимивме од автомобилот. Застанаа на семафорот, низ прозорецот држеа ракетен фрлач, велат читатели за 24.часа.

Од задарската полиција велат дека лицата во автомобилот се поврзани со обид за грабеж во банкомат и со неколку грабежи на викендички и цркви. Биле фатени истиот ден.