По 3 години, СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирусот

Точка

05/05/2023

18:29

2.143

Големина на фонт

а а а

Официјалните лица на Светската здравствена организација (СЗО) соопштија дека коронавирусот повеќе не е глобална здравствена опасност.

„Со голема надеж прогласувам дека Ковид-19 не е глобална здравствена опасност. Но, тоа не значи дека Ковид-19 е завршен како глобална здравствена закана“, изјави генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Од организациjата наведуваат дека коронавирусот останува присутен, но повеќе не предизвикува висок степен на хоспитализација бидејќи голем број луѓе изградиле имунитет на овој вирус.

Официјалните лица соопштија дека стапката на смртност од коронавирус паднала од врвот од повеќе од 100.000 луѓе неделно во јануари 2021 година, на нешто повеќе од 3.500 лица – 24-ти април 2023 година.


Во мај минатата година, експертите на СЗО рекоа дека крајот на пандемијата е „на повидок“, објавувајќи резимеа за политиките кои владите треба да ги следат за контрола на инфекции, тестирање, вакцинација и дезинформации.

Ковид-19 беше прогласен за пандемија на 11-ти март 2020 година, што доведе до затворања и ограничувања на патувањата ширум светот.

Тедрос Аданом Гебрејесус соопшти дека најмалку 20 милиони смртни случаи се поврзани со коронавирусот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг