На социјалните мрежи објавено е видео како момче го имитира Коста К. којшто пука во своите другари.
Коста К. (13) усмрти осум свои школски другари и чуварот на училиштето, уште седум деца се ранети. А, какви се децата во денешно време можеби најдобро покажува видеото кое покажува ученик којшто го симулира овој немил настан.
Имено, видеото кое трае 15 секунди прикажува едно момче кое од ранец вади телефон и го вперува во своите другари како пиштол, а другите деца паѓаат на подот или на клупа со што покажале дека монструозното убиство во кое животот го изгубија осум деца на нивна возраст за нив е всушност смешно.
Еднакво бизарно видео објавено е на социјалната мрежа ТикТок.
На видеото се гледа дека децата исто така симулираат мафијашка сцена на улица Михаил Булгаков.
Коста К. својот крвав поход го направи вчера во околу осум часот наутро. Прво го усмртил чуварот на училиштето и три девојчиња.
Потоа тргнал кон кабинетот по историја и таму убил уште пет свои другари. Потоа излегол во дворот, повикал полиција и мирно се предал.
На социјалните мрежи се појави фотографија на која се гледа ученикот, кој изврши масакр, со опис – „крал“, а коментарот ја шокираше јавноста.