7 знаци кои ги разоткриваат лажливците: Од говорот на телото па се’ до филозофирањето

Точка

03/05/2023

15:13

4.982

Големина на фонт

а а а

Колку убедливо и умешно да лажеме, сепак нашето тело успева да не’ открие. Tоа се случува бидејќи лажговците често го игнорираат говорот на телото и наместо тоа се фокусираат на зборовите и фацијалната експресија.

Психолозите веруваат дека клучот за откривање на лагите лежи во говорот на телото, а доколку обрнеме внимание на истото, можеме да откриеме и најситни лаги.

Еве неколку работи на кои треба да обрнеме внимание:

Следете ги паузите

Еден од најчестите знаци дека некој лаже се паузите помеѓу речениците. Доколку некое лице паузира премногу или пак прави повеќекратни паузи додека зборува, веројатно лаже и прави паузи за да размисли што ќе каже.

Времетраењето на емоциите

Природните емоции не траат обично повеќе од 5 секунди. Ако некој го има истиот израз на лицето повеќе од 5 секунди, веројатно го лажира. Не можеме да имаме ист израз 10 или повеќе секунди.

Внимавајте на редоследот

Научниците откриле дека емоциите секогаш се пред зборовите. Ако личноста прво изговори “Лут сум”, па дури отпосле го забележите неговиот израз на лицето, веројатно лаже.




Проверете ја искреноста на емоциите

Вистинските емоции се искрени и не секогаш е лесно да се изразат. Емоцијата е искрена, доколку се менува целото лице а не само дел. На пример, личноста доколку искрено се насмее, не се менуваат само усните, туку треба да се појават и брчки околу очите, а веѓите да се спуштат надолу.

Обрнете внимание на повторувањето

Иако на некои луѓе понекогаш им е тешко да ги пренесат своите мисли со зборови, премногу повторување може да е индикатор дека личноста лаже. Ако тој или таа постојано повторува нешто, тоа значи дека тие се обидуваат да ве убедат вас и самите себеси во истото.


Озборување

Лажговците озборуваат користејќи ги истите зборови или изрази кои се поставени во прашањето. Изборот на зборови исто така зборува многу. Ако лицето ги користи истите оние кои биле поставени во прашањето, не се чувствува доволно безбедно и се обидува да се држи до она што вие сте го кажале, затоа што можеби се плаши да не каже премногу или пак открие нешто.

Покривање на лицето или устата

Еден од најлесните знаци на говорот на телото што можете да ги забележите, што значи дека личноста лаже доколку ги покрие лицето или устата додека зборува – пренесува “Bright Side”.