(Фото) „Изгор“ цени во Хрватска: Гостин во кафуле во Сплит се згрозил од сметката за само две пијачки

Точка

29/04/2023

16:30

6.350

Големина на фонт

а а а

Цените на храната и пијалоците во угостителските објекти во Хрватска, особено во летната сезона, можат да бидат „изгор“, а последниот пример од Сплит го докажува тоа.

Згрозен гостин во кафулето „Olive tree“, кое се наоѓа на сплитската Рива, испратил сметка до порталот „Слободна Далмација“, и ја споделил сумата што требало да ја плати за само две пијачки.


Имено, читателот се пожалил дека за тоа морал да издвои 17 евра (1061 денари). Сметката вклучувала Somersby, кој чинел девет евра и три децилитри пиво „Budweiser“ за што морал да плати осум евра.


За споредба, во блиските кафулиња Somersby може да се најде за 2,80 евра, а во продавниците чини околу 1,5 евра.

Сметките во угостителските објекти во Хрватска често бараат вртоглави бројки, а неодамна беше споделено дека Ровињ е уште една во низата прилично скапи дестинации.


Имено, цената на пржените лигњи со помфрит во овој град се движи од 13,94 до дури 18 евра. Порција помфрит чини 4 до 5 евра, а приближно исти се и другите прилози кои често се нарачуваат со месо. Порција ќебапи чини 12 евра.