Расправија за коридорите во Собранието, Стојаноски му порача на Груби: „Ти прв ќе одиш во затвор“

Макфакс

27/04/2023

17:37

2.026

Големина на фонт

а а а

Дали државата ќе плати пенали од 53 милиони евра, зошто договорот со Бехтел и Енка се крие од јавноста и ќе преземе одговорност за спорните елементи и кој ќе оди во затвор за криминал и корупција.

Овие прашања ги постави опозициската ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниската седница за пратенички прашања во Собранието.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски порача до вицепремирот Артан Груби да одговори кој и зошто предложил закон спротивно на одлука на уставен суд и се согласил да плати големи казни.

„Ти ќе бидеш првиот што ќе оди во затвор. За вакви договори ќе има одговорност. Да се плаќаат пенали со народни пари за некој zaа се богати“, рече Стојановски.

Премиерот Димитар Ковачевски кој застана во одбрана на тајниот договор за коридорите рече дека ти се од стратешки национален интерес за државата и станува збор за проект од голема важност за Македонија. За експропријацијата Ковачевски кажа дека и во сегашното решение работите на автопатот ќе се одвиваат без второстепена постапка.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери рече дека го немал видено договорот со „Бехтел и Енка“. Најави дека пратениците со сертификат ќе го видат другиот месец.



Спонзорирани линкови

Маркетинг