(Фото) Се најавуваат временски аномалии, еден дел од Европа ќе биде исклучок: Прва долгорочна прогноза за летото – што го чека Балканот?

Точка

27/04/2023

10:25

8.518

Големина на фонт

а а а

Полека ни се приближува летото. Околу еден месец и половина има до крајот на пролетта, а метеоролошката служба „Severe Weather Europe“, ја објави првата долгорочна прогноза за летото.

Во прогнозата за летото, кога станува збор за Европа, овој сервис се фокусирал на два главни најкористени модели – „ECMVF“ и „CFSv2“.

„ECMVF“ модел

Овој модел предвидува потопло време од нормалното во поголем дел од континентот. Но, исклучок е североистокот којшто ќе биде под влијание на поладен воздух. „ECMVF“ моделот предвидува летни температури повисоки од просечните (меѓу 0,5 и 1 степен Целзиусов повисоки).


Кога станува збор за врнежите, во централна и северна Европа се предвидува главно посушен период. Сепак, повлажни услови се очекуваат во јужните и централните делови на континентот, што укажува дека ова подрачје би можело да го очекува поактивна сезона на невремиња.

„CFSv2“ модел

Овој модел исто така предвидува натпросечни температури ширум Европа во текот на летото. Предвидува помоќна термичка аномалија кон северните краеви кои ќе бидат под влијание на зоните на висок воздушен притисок.


Што се однесува до дождовите, овој модел предвидува главно повлажни, летни услови ширум Европа.

„Ова исто така е знак на потенцијално поинтензивна сезона на невремиња. На север се предвидуваат посушни услови благодарение на високиот притисок“, пишува „Severe Weather Europe“.