Османи: Србија за неполни 24 часа два пати го прекрши Охридскиот договор

Макфакс

25/04/2023

13:21

2.594

Големина на фонт

а а а

Претседателката на Косово, Вјоса Османи изјави дека Србија за помалку од 24 часа двапати го прекршила Охридскиот договор.

Таа на „Твитер“ порача дека првиот прекршок е надворешно мешање во изборите во Косово, додека вториот е лобирање и гласање против прифаќање на барањето на Косово за членство во Советот на Европа.

„Србија за помалку од 24 часа изврши две прекршувања на Договорот Брисел-Охрид: надворешно мешање во изборите на Косово (спротивно на член 2), лобирање и гласање против апликацијата на Косово до Советот на Европа (спротивно на член 4). Нов договор, но истата стара Србија“ напиша Османи на „Твитер“.

Како што беше соопштено, на Советот на министри на Советот на Европа, Србија заедно со уште шест земји гласаа против поднесувањето на барањето на Косово за членство до Парламентарното собрание на Советот на Европа.

Претходно, највисоките функционери на Србија ги повикаа косовските Срби да ги бојкотираат изборите за градоначалници на општините на северот на Косово, што се одржаа на 23 април годинава.

Српскиот министер за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, рече дека без формирање на заедницата на српските општини (ЗСО) како прва работа од Охридскиот договор, другите негови делови не може да се исполнат.



Спонзорирани линкови

Маркетинг