Чоколадото станува поскапо само поради една состојка

Денар

14/04/2023

14:41

2.975

Големина на фонт

а а а

Состојките за производство на чоколадо се сѐ поскапи, поради што оваа омилено задоволство за многумина станува недостапно. Во Европа особено се зголеми цената на една од неговите состојки.

Чоколадото „Black Thunder“, произведено од јапонската компанија „Yuraku“, е едно од најевтините чоколадни плочки во светот. За последните три децении чинеше 30 јапонски јени. Љубителите на чоколадо во Јапонија беа непријатно изненадени кога се искачи на 35 јени на 1-ви март.


И кога „Yuraku“ во 2019-та година одлучи да купи поскапо какао од швајцарската компанија „Barry Callebaut“, потрошувачките цени останаа исти. Што е различно сега?

Според извештајот на споменатата швајцарска компанија, цените на какаото во првиот квартал годинава биле повисоки за 8,1 отсто бидејќи побарувачката за него е поголема од понудата, по две години големи вишоци.

Поскап е и шеќерот. На светскиот пазар поскапува за 1,4 отсто поради намалувањето на извозот од Индија. Сепак, во Европа е поскап за 92 отсто поради ниските залихи и високите цени на енергијата.


Причината зошто чоколадите се сѐ поскапи се млечните производи кои се користат во нивното производство. Цената на млекото е за 15,7 отсто повисока во однос на истиот период лани.

Цените на сите производи на најголемиот светски производител на храна „Nestle“ лани пораснале за 8,2 отсто. Сепак, од овој раст најмалку биле погодени чоколадните производи, пишува порталот „swissinfo“.