Позната причината за смртта на актерот Ленс Редик, неговиот адвокат ја оспорува обдукцијата

Точка

07/04/2023

10:00

8.391

Големина на фонт

а а а

Откако медиумите во средата ја објавија причината за смртта на неодамна починатиот актер Ленс Редик, се огласи и неговиот адвокат Џејмс Хорнстеин наведувајќи дека причината за смртта не е во состав со начинот на живот на актерот.

Имено, како што пишува во извештајот, Ленс Редик починал како последица на исхемиска болест на срцето и атеросклеротска болест на коронарните артерии.

Меѓутоа, адвокатот Хорнстеин тврди дека извештајот за смртта е неоснован и недоследен со фактите познати за семејството.


„Го застапував Ленс Редик низ годините и продолжувам да ја застапувам неговата сопруга Стефани. Изјавата на патологот од мртовечницата не е резултат на обдукцијата. Над Ленс не е направена обдукција. Колку што знам, немало медицински преглед во текот на животот на Ленс што би укажало на таква состојба“, изјавил адвокатот Џејмс.

Тој навел дека Редик бил физички активен и дека редовно тренирал, што вклучувало и кардио-тренинзи, па исто така живеел и здрав начин на живот и имал нутриционист којшто го следел секој негов оброк.


Да ве потсетиме, Редик на 17 март почина на 60-годишна возраст, а пронајден бил во својот дом Studio City. Најпознат е по улогата во франшизата „John Wick“, а многумина ќе го паметат по улогите во сериите „The Wire“, „Fringe“, „Bosch“, „Oz“ и „Lost“.