Орангутанка научила да дои благодарение на вработена во зоолошка која на работа донела бебе

Точка

06/04/2023

15:41

6.088

Големина на фонт

а а а

Доењето може да биде тешко, и тоа не само за луѓето, туку и за животните. Кога орангутанката Зои во зоолошката градина „Metro Richmond“ на свет го донела своето мајмунче, и таа наишла на проблеми. Сè додека вработените во зоолошката градина не дошле до генијална идеја да и помогнат да почне да дои.

Вработените и се јавиле на својата колешка Витли Тарнер, која исто така неодамна родила. Таа прифатила да дојде и да го дои своето бебе пред Зои. Орангутанката го набљудувала.

„Љубопитно ме гледаше. Не го доеше своето бебе веднаш, но дефинитивно цело време гледаше“, објаснила Тарнер.

Не требало да помине многу време Зои да покаже дека научила од примерот. За помалку од 24 часа прв пат го доела своето младенче. Од зоолошката градина велат дека Зои и бебето се здрави и дека добро се поврзуваат.