Шојгу: Влезот на Финска во НАТО е ризик за ширење на конфликтот

Макфакс

04/04/2023

15:49

1.401

Големина на фонт

а а а

„Пристапувањето на Финска во НАТО создава ризик од значително проширување на конфликтот“, изјави рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу.

Како што јави „Ројтерс“, тој на состанокот на раководството на руските вооружени сили рекол дека НАТО го зајакнува својот антируски курс и дека влегувањето на Финска во алијансата претставува ризик за ширење на конфликтот.

„Шојгу рече и дека белоруските авиони сега се способни да носат руски нуклеарни проектили“, пренесува РТС.

Финска денеска и официјално ќе стане членка на НАТО. Кремљ денеска најави дека ќе преземе контрамерки откако Финска ќе влезе во НАТО, со оценка дека проширувањето на западната алијанса претставува безбедносна закана за Русија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг