Мили Хултон немала време да напише приговор и мислела да плати казна, но одлучила да и даде шанса на вештачката интелигенција и приговорот го напишал „ChatGPT“.
Пред неколку месеци на интернет можевме да прочитаме како вештачката интелигенција во еден случај ќе ја преземе улогата на адвокат на суд и ќе го брани обвинетиот, односно ќе му дава правни совети преку мобилен телефон. Многумина со нетрпение го очекувале резултатот од судењето за да дознаат дали може вештачката интелигенција, барем во некои поедноставни случаи да ги замени адвокатите, но на крајот не дошло до тоа бидејќи во некои американски држави неовластеното давање на адвокатски услуги е казниво.
Но, како што минатата недела објави „BBC“, вештачката интелигенција неодамна и помогнала на една студентка да ја ослободи од казната за паркирање. Мили Хултон добила казна од 60 фунти за непрописно паркирање во градот Јорк, иако не ни требало да добие казна бидејќи има дозвола за паркирање на тоа место. Со оглед на тоа дека немала време за пишување на приговор, размислувала за плаќање на казната. На нејзина штета, за помош прво му се обратила на „ChatGPT“ кого го прашала да и помогне да напише приговор во кој ќе ја оспори казната.

Таа на четботот детално му ја опишала ситуацијата во која се нашла – кога ја добила казната, на кое место се паркирала и зошто не би требало да добие казна. „За неколку минути добив совршено персонализиран одговор“, коментирала таа за „BBC“. Четботот напишал дека таа е студентка која две години плаќа дозвола за паркирање на тоа подрачје и дека на тоа место никогаш не би се паркирала намерно ако знаела дека не смее. Тоа што „ChatGPT“ го напишал го пратила како приговор за добиената казна, што било сосема доволно за на крајот да биде ослободена.
„ChatGPT“ не е совршен, ниту имун на грешки и неточни изјави, но во бројни случаи досега импресионирал со своите одговори, дури и на комплексни прашања. Таквите одговори со време и со понатамошен тренинг, односно со новите верзии на четботот, ќе бидат се подобри и подобри и можеме само да замислиме какви ќе бидат нивните можности за 2-3 години. Според најавите на бројни експерти, понатамошниот развој на вештачката интелигенција многумина ќе го почувствуваат преку откази.

Последните предвидувања на „Goldman Sachs“ така велат дека поради „AI“ без работа ќе останат околу 300 милиони луѓе, но би требало да се отворат и нови работни места. Сепак, само времето и понатамошниот напредок на AI, како и нејзиното прифаќање ќе може колку навистина вештачката интелигенција ќе влијае на пазарот за работа.








