Од летово граѓаните на Македонија, Србија и Албанија ќе можат да работат во која било од трите држави без работни дозволи

Макфакс

02/04/2023

13:47

2.651

Големина на фонт

а а а

Од летово граѓаните на Македонија, Србија и Албанија ќе можат да работат во која било од трите држави без да вадат работни дозволи. Ова го објави премиерот на Македонија Димитар Ковачевски на социјалните медиуми.

„Драго ми е што заеднички можеме да најавиме дека од летово оваа година можноста за слободен пристап до пазарот на труд за граѓаните од трите земји станува реалност. Граѓаните на Северна Македонија, Србија и Албанија ќе можат да работат во која било од трите држави без да вадат работни дозволи, без какви било бариери, без аплицирања и чекања, без административни трошоци“, пишува Ковачевски.

Меѓународниот Саем за вино „Винитали“ кој деновиве се одржува во Верона, Италија, е уште една одлична можност заедно со...

Posted by Dimitar Kovacevski on Sunday, April 2, 2023

Според него Отворен Балкан носи отворени можности за сите бидејќи заеднички се развива регионот по европски стандарди.

„Меѓународниот Саем за вино „Винитали“ кој деновиве се одржува во Верона, Италија, е уште една одлична можност заедно со моите пријатели, претседателот на Србија, Aleksandar Vučić и премиерот на Албанија, Edi Rama, да се сретнеме и да ги размениме нашите ставови за Отворен Балкан“, дополнува Ковачевски.