Пукање во Марсеј, ранети четири лица

Макфакс

02/04/2023

11:29

1.573

Големина на фонт

а а а

Во престрелка синоќа на југот на Франција, во продавница за храна во центарот на Марсеј, ранети се четири лица.

„Три лица се повредени во размената на оган во самата продавница, додека четвртото лице е рането пред продажниот објект“, јавува БФМ ТВ.

Жртвите се мажи на возраст од 20 до 30 години, кои биле пренесени во болница со прострелни рани на долните екстремитети, но се уште не се знае дали нивните животи се во опасност.



Спонзорирани линкови

Маркетинг