Ќосето ќе остане во магацин, Герасимовски ја одби Арсовска за споменикот да се врати пред суд

Макфакс

02/04/2023

10:43

1.358

Големина на фонт

а а а

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска од Општина Центар побара дозвола за враќање на споменикот на Андон Лазов-Ќосето пред судовите во Скопје, но општината и градоначалникот Горан Герасимовски веднаш го одбија ваквиот предлог.

Таа претходно поднесе барање до Општина Центар да добие согласност за започнување на постапката за враќање на споменикот на истата локација од која е отстранет.

Споменикот пред пет години беше отстранет по барање на ексградоначлникот Петре Шилегов оти се работело за дивоградба.

Ќосето, потоа, беше пренесен во магацин на „Металски завод-Тито“ во Скопје.



Спонзорирани линкови

Маркетинг