Заканувачот му се извини на Мицкоски: Се каам, тоа беше момент на непромисленост

Макфакс

01/04/2023

15:10

3.119

Големина на фонт

а а а

Роберт Тодоровски за којшто опозициската ВМРО-ДПМНЕ објави дека упатил закани кон Христијан Мицкоски и неговото семејство, денес преку социјалните мрежи јавно се извини.

Вели дека неговата објава била во момент на непромисленост, и ја прифаќа грешката со каење.

„Не сум направил никакво убиство досега во мојот живот, ниту имам план да сторам таков ригорозен чин. Момент на недоволна промисленост. Секој греши како човек и јас и ве уверувам нема од тоа нема ништо. Како и секој млад тиниџер јас во моментот не се наогам во Република Македонија, работам надвор од државата. Уште еднаш, јавно до целата нација и на самиот претседател Христијан Мицкоски и неговата фамилија, лично им се извинувам за немилиот настан. Ја прифакам грешката која ја направив во овие 12 часа и се каам за ударот и чувствата што ги погоди кај вас грајганите и до самиот претседател на една од најголемите политички партии во државата Христијан Мицкоски. Ви благодарам на сите на разбирањето. Нема простор за паника или слично“, вели мажот во објавата.

Заканата која беше објавена вчера гласеше: „Една порака до Христијан Мицкоски, ако му е мила фамилијата и децата нека седи мирен во спротивно неговите деца ќе завршат во некој ендек како кучиња мувите ќе ги плукаат“.

Претходно, ВМРО-ДПМНЕ ја објави заканувачката порака и излезе со тврдење дека лицето било поддржувач на премиерот Ковачевски, а добило и благодарница од претседателот Пендаровски. Кабинетот на претседателот ги демантираше тврдењата на партијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг