Крејмер беше еден од омилените ТВ ликови, но поради голем скандал преку ноќ остана без сè

Точка

01/04/2023

14:58

4.135

Големина на фонт

а а а

Еден од омилените ликови од хумористичните серии е Козмо Крејмер, несмасниот, но симпатичен сосед на Џери во серијата „Seinfeld“.

Актерот Мајкл Ричардс 9 години го глумеше Крејмер, а ако случајно не сте ја гледале споменатата серија, сигурно сте наишле на исечоци од театралните влегувања на Крејмер во станот.

По „Seinfeld“ во 1999 година, Ричардс доби своја сопствена емисија на „NBC“, „Michael Richards Show“, но таа беше укината по само неколку епизоди поради многу слабата гледаност. Кога шоуто пропадна, медиумите се распишаа за „проклетството на 'Seinfeld'“, бидејќи пропадна и серијата во која Џулија Луис-Драјфус (Елејн) глумеше по „Seinfeld“, а на Џејсон Александер (Џорџ) тоа му се случи дури двапати.


По неуспешната емисија, Ричардс им се врати на стенд-ап настапите со кој се занимаваше пред „Seinfeld“, но предизвика голем скандал во 2006 година кога во текот на еден настап навредил темнокожи членови на публиката, предизвикан од нивните дофрлања.

Потоа јавно се извини во „Late Show“ на Дејвид Летерман и се повлече од јавниот живот.


Ретките настапи на овој 73-годишен актер по расистичките испади се поврзани главно за Џери Сајнфелд. Во приватниот живот се венчаше со актерката Бет Скип со која во 2011 година го доби синот Антонио Баз, додека од првиот брак ја има ќерката Софија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг