Поради еден детаљ на Чарлс сите мислат дека е болен: Кралот се шегува на своја сметка, но...

Точка

01/04/2023

13:23

4.209

Големина на фонт

а а а

Кралот Чарлс загрижил бројни обожаватели со својот изглед (прстите), а тој исто така се шегува во врска со тоа.

Во своите мемоари „Spare“, принцот Хари пишувал за хроничните болки во вратот и грбот на кралот Чарлс кои делумно се препишуваат на стари повреди во спортот.

Но, внимателните кралски набљудувачи би можеле да бидат загрижени поради еден пoтенцијален здравствен проблем за кој кралот веќе се шегувал, а тоа се неговите отечени прсти.


Самиот крал прстите си ги нарекол „колбаси“ во писмото кое му го напишал на пријателот додека го опишувал новородениот син, принцот Вилијам:

„Не можам да ви опишам колку сум возбуден и горд. Навистина изгледа изненадувачки привлечно и има прсти како колбаси - како моите“, напишал тој.

Расправата за прстите на Чарлс беше широко распространета на социјалните мрежи, а во еден момент беше седмиот најпребаруван поим на Гугл во Обединетото Кралство.

Во септември минатата година Чарлс бил фотографиран со многу отечени прсти, а многумина се прашале дали тоа би можел да биде проблем.

Имено, на идниот крал рацете вакви му се по долг период поминат во летање или патување во жешки земји. Лекарите потоа објасниле дека станува збор за болеста едем, состојба во која телото почнува да задржува течност, вообичаено во нозете и зглобовите, но исто така и во прстите, што предизвикува оток.

Додека монархот веќе со години пател од таа болест, дебатата по тоа прашање станала пораспространета по смртта на кралицата Елизабета Втора.


Инаку, кралското семејство има големи дланки од младоста, а тоа е особина за која кралицата пишувала во писмото за својата наставничка по музика по раѓањето на Чарлс.

Напишала: „Бебето е многу мило и многу сме горди на него. Има интересен пар дланки за бебе. Прилично се крупни, но фините долги прсти кои не се налик на моите, секако се различни и од татковите. Ќе биде интересно да се види што ќе стане“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг