Сопругата на болниот Брус Вилис објави емотивно видео – од сцените и најтврдото срце ќе се стопи: „Искористете ја секоjа прилика да се обедините...“

Точка

01/04/2023

11:34

5.680

Големина на фонт

а а а

Сопругата на Брус Вилис, Ема Хеминг, ги изненадила сите кога на својот Инстаграм профил објавила старо видео на кое таа и нејзиниот сопруг ги обновиле заветите точно на десетгодишнината од врската.

Сега, четири години подоцна, јавноста може да се потсети како сето тоа изгледало, а ова виде не е споделено туку-така.

На нивната 14-годишнина од врска Ема открила детали од емотивната церемонија за да оддаде почит на нивната бесмртна љубов и да се присети на тие безгрижни моменти и многу поедноставно време во нивниот живот.

„Толку сум среќна што го направивме тоа. Ја искористивме секоја можност да се обединиме и да прославиме со семејството и пријателите. Тоа се моменти и прекрасни спомени кои може да ги чувате цел живот. И можете да се сеќавате на тие моменти и ги живееме за оние кои можеби нема да можат да го прават тоа“, напишала Ема во описот.


Како што и самата Ема истакнала, спомените се многу важни, особено сега кога состојбата на Вилис се влошува, што можело да се воочи на прославата на неговиот роденден.

Иако бил весел, на моменти се однесувал чудно, па сите биле внимателни што сакале да направат (како што е дување на свеќите), а многумина биле загрижени тоа што актерот нема еден заб.


Брус има денови кога ги заборава работите, кога се губи по патот до блиското кафуле поради што Ема ги замолила новинарите и папарацо фотографите да не викаат по нејзиниот сопруг затоа што тоа ја нарушува неговата состојба.

Како што открила, постојат моменти кога тоа повеќе не е оној стариот Брус иако се труди најмногу поради своите деца, особено поради постарата ќерка Румер која моментално е бремена.