Посен колач со вишни и гриз: Рецепт за деликатес кој брзо се подготвува и освојува со вкусот

Точка

31/03/2023

20:15

19.935

Големина на фонт

а а а

Во посните денови, многу домаќинки имаат дилема што да им приготват на членовите на семејството како десерт, а тоа да не биде пита од готови кори со овошје.

Решението е едноставно – брз колач со вишни и гриз што се подготвува брзо и колку подолго стои - толку е повкусен.

За да ги измерите состојките, подгответе чаша од 200 милилитри.


Состојки:

- 2 чаши брашно;
- 2 чаши гриз;
- 2 чаши шеќер;
- половина чаша масло;
- прашок за пециво;
- 50 гр. посен маргарин;
- 500 гр. вишни.

Подготовка:

Измешајте две чаши брашно, една чаша шеќер, две чаши гриз и прашокот за пециво, па смесата поделете ја на два дела. Смесата е прашкаста и таква и треба да биде.

Во друг сад ставете вишни, една чаша шеќер и масло и добро измешајте ја оваа смеса. Вишните не ги цедете, нивниот сок е неопходен за да се натопи делот со прав од колачот при печењето.


Тавата премачкајте ја со растителен маргарин, истурете половина од смесата од брашно, гриз, шеќер и прашок за пециво и убаво изматете со лажица. Прелијте ја оваа смеса со филот од вишни, шеќер и масло, а врз неа остатокот од смесата во прав.

Преостанатиот маргарин изрендајте го и премачкајте го над горниот слој од колачот.

Печете околу 40 минути на 170 степени. Кога колачот целосно ќе се излади, исечете го на коцки и послужете.

На здравје!




Спонзорирани линкови

Маркетинг