(Видео) Детали за убиството во Капиштец: Турканица завршила со пукање и убиство

Макфакс

31/03/2023

12:04

5.472

Големина на фонт

а а а

Пукањето и убиството во скопски Капиштец се случило по турканица во казино, лоцирана непосредно до автобуската станица, дознава „Макфакс“.

Според информациите, не се работи за испланирано убиство. Двајцата играчи седеле заедно во казиното на слот-машините и играле, кога одеднаш станале, меѓусебно се затуркале, едниот од нив го извадил пиштолот и пукал во лицето од Арачиново кое починало на местото.

„Макфакс“ дознава дека убиецот потоа го напуштил објектот и избегал, но неговиот идентитет ѝ е познат на полицијата.

Во моментот пред казиното има гужва. Затворена е едната сообраќајна лента, која води од Центар кон Влае, а полицијата врши увид на местото.

Можат да се забележат неколку полициски екипи. Се земаат изјави од вработени и очевидци, а истовремено се прибираат и снимките од надзорните камери.

На терен e и јавен обвинител којшто по увидот ќе издаде потребни наредби за ресчистување на случајот.