Америка ги предупреди граѓаните: Напуштете ја Русија што поскоро

Макфакс

30/03/2023

19:37

1.974

Големина на фонт

а а а

Американскиот Стејт департмент издаде итно предупредување до своите граѓани да не патуваат во Русија. Во соопштението се наведува дека на сите американски државјани во Русија им се препорачува што поскоро да ја напуштат таа земја.

Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен рече дека САД се длабоко загрижени што дописникот на Волстрит журнал Еван Гершкович е приведен во Русија поради шпионажа.

Од друга страна, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави оти не станува збор за сомнеж, туку новинарот бил „фатен на дело“.

Според руските безбедносни власти, по инструкции на американската страна новинарот собирал информации кои се државна тајна за активностите на една од компаниите на рускиот воено-индустриски комплекс.