Најмалку 31 лице загинаа во траектoт на Филипините, се спасиле тие што скокнале од бродот

Макфакс

30/03/2023

18:33

1.333

Големина на фонт

а а а

Се запали траект со 250 патници и членови на екипажот, а најмалку 31 лице загина на Филипините.

Првично беше објавено дека загинале најмалку 12 лица, а потоа во кабините на изгорениот брод биле пронајдени телата на уште 18 лица.

„Многумина од оние што избегаа, скокнаа од траектот во паника од интензитетот на пожарот и беа извлечени од крајбрежната стража, морнарицата, друг траект и локален рибар“, изјави гувернерот на провинцијата Базилан, Џим Хатаман, пренесе АП.

Гувернерот додаде дека повеќето од луѓето биле спасени во текот на ноќта, но властите дополнително ги проверуваат информациите од различни извори, што укажува дека бројките може да бидат различни.

Меѓу загинатите има и три деца, кои најверојатно биле одвоени од нивните родители, а најмалку 23 патници се повредени и пренесени во болници, додаде гувернерот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг